„Стави појас“ е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид.
Во рамки на кампањата, предвидено е, на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила, но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Притоа, полициските службеници, додава Димоски, ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен едукативен материјал со логото „Стави појас“.
Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција и при СВР Охрид и РСБСП.
OhridNews












