Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе го посетат охридското село Белчишта, во кое петнаесеттина куќи и помошни простории беа оштетени во земјотресот кој се случи пред два дена.


Врз база на проценките кои ќе се извршуваат во текот на наредните денови ќе биде изготвен елаборат кој потоа треба да се достави до владата со цел обештетување на сопствениците од оштетените објекти.

Земјотресот со интензитет од 4,5 степени по Рихтер се случи на 7- ми јуни во 12 часот и 17 минути. Епицентарот на потресот беше во регионот на Илинска планина, од чија западна страна се наоѓа општина Дебрца. Земјотрес со ист интензитет имаше и вчера рано утрото по што беа регистрирани серија помали потреси.

OhridNews