Кредиот тежок 574 милиони евра од кинеската „Ексим“ банка наменет за изградба на автопатот Миладиновци -Штип и Кичево – Охрид е сигурен, а законите со кои државата ќе гарантира за исплатата на истиот ќе бидат во владина процедура во текот на овој месец, информирам Министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Од ЕКСИМ банката од Кина добивме потврда дека го поминале таму филтерот и оти исто така нивното Министерство за трговија, кое што е надлежно, ги одобрило проектите. Сега стручните екипи на Министерството за финансии и од ЕКСИМ банката го усогласуваат финалниот текст на договорот, што значи дека многу брзо, во текот на овој месец, ќе бидат завршени и пуштени во владина процедура, по што следи собраниската процедура за донесување на законите за гаранција затоа што во случајот позајмувач ќе биде Јавното претпријатие за патишта, а Владата ќе ја издаде гаранцијата.“ –  рече Ставрески.

Како што објасни ресорниот министер, со изградбата на двата клучни автопати, значително ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија, конкурентноста на економијата, а на краток рок ќе се зголемат градежната и останатите активност.

Според планот, почетокот на изградбата се очекува пролетва, а патиштата треба да бидат пуштени во употреба за три години.

OhridNews