По едномесечниот молк на владата за апсењето на индискиот милијардер Субрата Рој  кој најави дека ќе гради луксузен туристички комплекс во Љубаништа, денес, министерот за финансии  Зоран Ставрески со краток коментар.

На новинарско прашање што се случува со реализацијата на проектот за изградба на комплексот во Љубаништа, Ставрески со одговор: „ Нема промени во тој дел“.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој на крајот на минатиот месец и се предаде на полицијата откако претходно одби да се појави на суд под обвинување дека неговата компанија не им вратила на инвеститорите милијарди долари. Субрата Рој е обвинет дека подигнал над 3 милијарди долари преку обврзници за кои подоцна се дознало дека биле без покритие.

Т.К.