Министерот за финансии Зоран Ставрески  изрази очекување дека комерцијалните банки ќе ги намалат каматите, откако една од поголемите банки објави дека ја спуштила каматата за 0,25 отсто.

„Намалувањето на активните каматни стапки на банките, за граѓаните и за стопанството е секогаш добредојдено и ние очекуваме тој тренд да продолжи во иднина со оглед на координираноста на фискалната и монетарната политика“, изјави Ставрески.

Тој оцени дека постои простор да се намалат каматите , со што слободните ликвидни средства  во што поголем износ би завршиле во економијата

„Намалувањето на каматните стапки на Народна банка и на Министерството за финансии претставуваа јасен сигнал за банкарскиот сектор дека очекуваме и таму да дојде до постепено, но значајно намалување на каматните стапки“, изјави Ставрески .

Тој рече дека го израдувал податокот за раст на денарското штедење што претставува знак за доверба во македонскиот денар и банкарскиот сектор.

OhridNews
извор:Makfaks