Некогашниот македонски репрезентативец
Горан Ставрески, е еден од ретките кој е се уште активен како фудбалер и
тоа во 3. македонска фудбалска лига. Настапува заедно со својот
репрезентативен колега Тони Мицевски, а вели дека додека го служи
здравјето ќе игра. Отпимист е дека Македонија може да се најде на едно
големо натпреварување, а на престојниот европски шампионат очекува
изненадувања.


– Очекувам доста неизвесен и изедначен
шампионат, нема повеќе мали и големи репрезентации. Лично не гледам
некој фаворит кој би отскокнувал, иако сепак за благи фаворити ги сметам
Германија и Шпанија. Мислам дека ќе има доста изненадувања, фудбалот
доста напредна, потогово од оној фудбал кој го игравме ние и овој сега,
има голема разлика. Фудбалерите се максиално подговени, со развојот и
употребата на модерната технологија се оди напред и мислам но и очекувам
да биде доста неизвесно – смета поранешниот репрезентативец Горан Ставрески.

Ставрески одигра неколку квалфикациски
циклуса за Македонија. На 41 меч постигна три гола. Незаборавен е оној
против Ирска, на “Градски“ во Скопје, оптимист е дека “црвено-жолтите“
може да еден ден да се најдат на големо натпреварување.


–    Да, зошто да не, има многу
изненадувања, па зошто да не и Македонија еден ден да се најде на некое
големо натпрварување. Секогаш треба да бидеме оптимисти . Добро е што се
вложува во инфраструктурата, во изградбата на новите сали, и спортски
терени ,но тука не смее да се застане, туку напротив потребен ни е
континуитет, за да може да излегуваат млади фудбалери, како што се во
моментов Горан Пандев, Иван Тричковски, кои достинствено ја промовираат
Македонија во светот – вели популарниот “Ставре“

Сепак , незабораевен момент беше голот против Ирска, по кој ирците го загубија
првото место, а подоцна и пласманот на европскиот шампионат.

– И ние бевме изненадени, тој меч за нас не одлучуваше ништо,
излеговме да се надигруваме, и мене ми се погоди да во 94 минута ја
затресам противничката мрежа. Одлично налетав на центаршутот на Савески и
постигнав еден еврогол, кој им остана во сеќавања не само за мене туку и
на многу спортски љубители. – се присеќава Ставрески


Имаше успешна интернационална кариера,
беше првак со Загреб во Хрватска, играше и во Турција, а сега
настапуваш во 3 македонска фудбалска лига во тимот на Поешево заедно со
уште една македонска фудбалска легенда Тони Мицевски. Од каде мотивот за
39 годишниот Ставрески да игра во оваа лига.

– Некој што го сака фудбалот , без
разлика во која лига настапува, дали е тоа прва, втора, трета или
општинска лига, секогаш ќе дава се од себе. Додека ме служи здравјето не
мислам да престанам, сакам да им дадам на младите еден поттик, за време
на мечевите им ставам до знење кога ќе погрешат, и сигурен сум оти
никогаш нема да загине тој оптимизам кој го носам со мене – истакна “неуморниот“ Ставрески

На залезот е на фудбалската кариера, а Ставрески се уште е “на две“ за тренерската улога.

–    Се уште немам размислувано во тој
правец, сакам да работам , во добра средина, каде што е коректно и
работите се јасно поставени. Имам свои принципи со кои сум израснал и не
сакам да ги менувам. Спортот, посебно фудбалот загуби многу со
распространувањето и експанзијата на обложувалниците. Јас тука не можам
ништо до променам, но ни под точка разно не сакам да бидам инволвиран во
такви случувања – завршува Ставрески.

М.П.