Министерот за финансии, Зоран Ставрески очекува странските инвестиции во Македонија да изнесуваат како пред кризата, односно од 400 500 милиони евра.

Оваа изјава на министерот следува по објавата на Народна банка дека странските инвестиции во првиот месец од оваа година се зголемени за 30 отсто во однос на истиот месец 2010 година и изнесуваат 51,9 милиони евра.

Во 2010 година Македонија акумулираше 221 милиони евра странски директни инвестиции или 145 милиони евра повеќе во однос на 2009 година. 

OhridNews
извор: Makfaks