Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Горан Ставревски пред мечот со Канада се прости од националниот тим. Челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му доделија бронзена плакета, а репрезентативците му го врачија дресот со бројот шест потпишан од сите фудбалери.

Ставревски за македонската селекција одигра 39 меча, постигна три гола, а најзначаен гол е тој против Р. Ирска во Скопје, кога во самиот финиш на мечот со глава израмни на 1-1.