Порто и Спартак Москва направија голем чекор кон обезбедување пласман во наредната рунда од Лигата Европа. Порто ја совлада Севилја со 2-1, додека мечот кој го водеше македонскиот интернационален судија Александар Ставрев заврши со победа на русите од 3-2.

Базел по првиот дел имаше предоност од 2-0, а во вториот дел гостите направија комплетен пресверт. Во 78 минута Ставрев му го покажа патот кон соблекувалната на домашниот играч Шаќири.


Без голови мина мечот во Прага, меѓу Спарта и Ливерпул, додека без победник завршија Ренџерс – Спортинг, односно Лил – ПСВ.

Резултати: ПАОК – ЦСКА (М) 0-1, Г. Ренџерс – Спортинг 1-1, Севилја – Порто 1-2, Спарта (П) – Ливерпул 0-0, Јанг Бојс – Зенит 2-1, Базел – Спартак (М) 2-3, Лил – ПСВ 2-2.