Прашањето до министерот беше дали доколку задолжувањето надвор стане скапо Владата размислува да ги зголеми даноците и да воведе прогресивно оданочување.
Министерот одговори кратко “Не” и појасни дека во програмата на Владата нема предвидено зголемување на даноците и прогресивно оданочување. Владата смета дека тоа е лоша политика посебно кога во економијата во Европа и светот се случуваат кризни ситуации.
Според министерот Ставревски зголемувањето на данок не е добро и тоа би одвело многу претпријатија во пропаст. Прогресивниот данок е исто зголемување, така да наспроти предизвиците кои ги има државата, Владата ветува дека Македонија ќе остане со најниски даноци во Европа и нема да ги зголемува.
Тоа се однесува и на придонесите. Министерот појасни дека Владата размислува како да ја подобри наплатата на придонесите.