Државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, денес информира дека интензивно се работи на постапката за префрлање на ингеренциите од министерството врз локалната самоуправа, за просторот кај охридската касарна.
– Интензивно се работи на изготвување на нумеричките податоци за точно утврдување на парцелите од касарната, каде дел од просторот му припаѓа на министерството за образование, дел користи МВР и еден дел треба да и се предаде на локалната самоуправа. Штом го завршиме процесот согласно законските прописи ќе се изврши и префрлањето на ингеренциите врз општина Охрид, рече Стефаноски.
Според постоечкиот детален урбанистички план на овој простор предвидена е изградба на Спортски центар, амбуланта, црква, трговски центар, објект наменет за потребите на високообразовна институција. Кои од предвидените објекти ќе се градат во наредниот период зависи од тоа колкав дел од просторот ќе и биде отстапен на локалната самоуправа.
OhridNews