
Капитенот Стефанов ќе го игра второто Европско првенство под македонското знаме. Најдобра награда за човекот кој беше на работ на бездната, човекот кој успееа да ги надмине сите проблеми и застана да ја предводи својата репрезентација кон овој голем успех.
– Среќни сме за победата, и поради тоа што одиме во Полска како победници во групата. Верувам во силата на оваа генерација, се работи за квалитетни играчи, а доказ за тоа се и големите транфсери, кои ги прават во европските клубови. Ќе има што да покажеме на ЕП. – вели македонскиот капитен, Врбица Стефанов.
Јовица Арсиќ ќе биде вториот селектор кој ќе ја предводи македонската репрезентација на едно големо натпреварување.
– Задоволен сум што победивме, и што се пласиравме на ЕП како победници на групата. Би сакал да и се заблагодарам и на публиката, поради поддршката што ни ја даде во текот на средбата. – изјави македонскиот селектор Јовица Арсиќ.
Покрај капитенот Врбица Стефанов, во сегашната репрезентација има уште 3 кошаркари, кои беа во составот на ЕП во Франција: Гечевски, Илиевски и Блажевски.
ohridnews











