Македонската кошаркарска репрезентација ја оствари втората победа на ЕП во Полска. Во второто коло од разигрувањето на шампионатот Македонија беше подобра од Германија со 86:75.
До победата нашиот тим го предводеше капитенот Врбица Стефанов кој уфрли 25 поени.
Со оваа победа Македонија остана во игра за пласман во четвртфиналето на ЕП, за што е потребен триумф во преостанатиот натпревар од разигрувањето, задутре, во кој се среќаваме со актуелниот европски првак Русија.










