
– Законот за култура овозможува здружување на централната и локалната власт во реализација на проекти од културата, со што ќе се создадат услови за формирање градски театар. Тоа е случај во повеќе градови каде во рамките на центрите за култура постојат професионални театри, вели Стефановски. Тој изрази надеж дека соработка помеѓу малиот битолски театар и новиот охридскиот театар, од која се изроди претставата „Граница“, чија премиера беше синоќа, ќе придонесе за заживување на театарот во Охрид.
Актерската екипа од новиот охридски театар смета дека во Охрид постои голем капацитет, но според неа потребно е надлежните да покажат малку волја за театарот да стане стварност.











