
Во соопштението се вели дека доколку оваа одлука биде имплементирана, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ. Воедно, во него се додава дека тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на нејзините правни институции и кредибилитетот на определба на нејзините кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ
– Како пријател на Македонија, САД упатуваат силен повик до претседателот Иванов, да ја преиспита својата одлука и да дозволи Специјалното Јавно Обвинителство, формирано како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владините незаконски дела, и да дозволи судовите да ја вршат својата работа. Исто така, ја охрабруваме Владата и политичките партии, да продолжат да работат на спроведување на реформите коишто ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлантска интеграција, наведува Стејт депарментот.
OhridNews











