Малата сала при центарот за култура „Григот Прличев“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани за настапот на стенд-ап комичарот и актер при Народниот театар од Охрид, Никола Тодороски.


Среќниците кои успеаа да дојдат до билет за претставата уживаа во настапот на Никола, кој ги насмеа до солзи.


Покрај настапите во живо, охридскиот актер и стенд- ап комичар Никола Тодороски неодамна ја лансираше комичната веб серија “Идиотека“. Се работи за кратки веб епизоди напишани, продуцирани и изведувани од Никола кој извесен период успешно го промовира жанрот на стенд-ап комедијата во Македонија. Серијата премиерно се емитува секој  петок на  „OhridNews“.

ОhridNews