Jazz Inn

Од 08.04.2022 - 20:00 до 08.04.2022 - 21:30

Ненад Шиља Стефановски се враќа ДОМА! Ненад конечно реши да се врати дома и да го направи она што досега не смеел – да настапи пред поблиската фамилија, комшиите и актуелното гласачко тело.

Бидејќи Шиља во секојдневниот живот говори српски, а сонува македонски, реши да настапува на јазикот кој моментално не е за перење.

По потекло горд Македонец, така и се потпишува. Сепак во далечната 1999-та фаќа пат накај Германија, но како среќа во несреќа (или обратно), застанува во Белград да ја види куќата на Цеца и еве веќе 20 години како е “заглавен” таму.

Стендапот е во петок (8 април) во Џез Ин, со почеток во 20:00 часот. Картите по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

OhridNews