Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ овој петок, 19 мај, пред охриѓани. Истата беше закажана на 5 мај, но поради здравствени причини на актерката Весна Петрушевска истата беше одложена.

Претставата е исповед за животот на Весна Петрушевска, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падо­ви, како и најзначајните моменти од нејзиниот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Претставата ќе биде изведена во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид со почеток во 20 часот,  а карти може да се купат на билетарата на Центарот по цена од 250 денари секој работен ден.

OhridNews