Центар за култура „Григор Прличев“

Од 10.10.2020 - 20:00 до 10.10.2020 - 21:15

Подгответе се за час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари, Никола Тодороски, најавува незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието.

На 10 октовмри во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Никола Тодороски ќе го претстави својот најнов материјал „Рециклирани конфети“.

„Рециклирани конфети“ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.

Картите по цена од 250 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”.

Телефон за резервации 046 261 063/075/283066.

Настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид 19 и со ограничен број на публика.

OhridNews