Центар за култура „Григор Прличев“

Од 24.10.2020 - 20:00 до 24.10.2020 - 21:15

За сите кои го пропуштија премиерното издание, можност репризно да го погледнат најновото стендап шоу на Никола Тодороски „Рециклирани конфети“ на 24 октомври, сабота, со почеток во 20 часот.

Подгответе се за час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари, Никола Тодороски, најавува незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието.

„Рециклирани конфети“ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”.

Настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид 19 и со ограничен број на публика.

OhridNews