Најдобриот фудбалер за минатата сезона во Првата македонска фудбалска Остоја Степановиќ полека ја преземе улогата лидер на новата фудбалската генерација во Вардар. Тој заедно со староседелците во составот преставуваат моторот на тимот кон нови успеси, а затоа беше ангажиран и искусниот стратег Никола Илиевски “Џиџи“.

“Вечното“ дерби меѓу Пелистер – Вардар секогаш е во центарот на македонските медиуми. Битолчани многу заостануваат на табелата, но тоа во дербито не важи бидејќи мотивацијата на секој фудбалер во Македонија е да го победи Вардар. Ние сме мотивирани и спремни да “изгинеме“ за вардаровиот дрес и да освоиме три бода на жешкиот терен во Битола – потенцираше Остоја Степановиќ.

Вардар првата полусезона ја мина на првата позиција и се закити со титулата есенски првак. “Црвено црните“ во игра се за двојна круна, но прво ќе морат да ја поминат Шкендија во 1/2 финалето од Купот на Македонија. 

– Минатата сезона освоивме титула во првенството, а во Купот останавме без трофејот. Затоа оваа сезона одиме на двојна круна и ништо и никој неможе да не спречи во тоа – истакна Степановиќ.

Сезоната во која Вардар во своите витрини го додаде петтиот шампионски пехар помина во знакот на Степановиќ. На церемонијата од ФФМ ја доби наградата за најдобар фудбалер во Првата лига, а селекторот А репрезентацијата Чедомир Јаневски го награди со неколку повици за настап во националниот дрес.

– Презадоволен сум досегашните успеси на мојата екипата како и на моите лични достигнувања во македонскиот фудбал. Секогаш на прво место го ставам успехот на екипата пред моите лични достигнувања, затоа кога ќе се соберат сите тие награди и титулите целата фудбалска слика е комплетна – заврши Степановиќ.

Вардар натпреварот во Битола против Пелистер го игра в среда во 14:00 часот на стадионот “Тумбе Кафе“.

Мх.П.