Кандидат за градоначалник Стевче Стевоски од Твоја партија го оствари своето право на глас на локалните избори во ИМ 1293 во Елшани.
Го остварив своето право на глас со едно убедување дека ќе престане функционирање на двете фамилии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои 35 години го тормозат овој град, рече Стевоски.
Нивното функционирање претставува една организирана мрежа од 90-тите години наваму. Сето тоа продолжува и до ден денес со гласањето на нивните потомци. Сите останати кои не беа дел од овие две фамилии ја напуштија Република Македонија, живеат и гласаат на други места. Затоа мора да гласаме против овие две политички партии поради тоа што немаме видено како функционира Општина Охрид без градоначалникот од овие две партии. Овие избори се надевам ќе поминат фер и коректно со тоа што од страна на одредена политичка партија на власта и во текот на самиот изборен циклус се вршеше поткуп на граѓаните и гласачите, посочи Стевоски.
Н.С.Ј.
видео/фото. А. Момироска