Во известувањето стои дека одлуката, Охридската локална самоуправа да го започне процесот на втората фаза од децетрализација била донесена уште во месец октомври, годинава.
–Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза на фискална децентрелизација, на седницата одржана на 25 октомври 2011 година утврди дека општините Делчево, Виница, Охрид, Желино и Варнешница ги исполнија условите за премин во втората фаза од децентрализацијата, врз основа на податоците од доставените квартални извештаи за вториот квартал од 2011 година, стои во известувањето.
Известувањето е адресирано до градоначалникот Александар Петрески
Во него се објаснуваат и следните чекори кои што општинските власти треба да ги превземат заклучно со 2011 година.
-Министертвото за финансии Ве известува дека од 01 јануари 2011 година пренесените надлежности ќе се финансираат со блок дотации. Согласно ова известување потребно е средствата за пренесните надлежности во образованието, детската заштита и културата во буџетот на општината за 2012 година да ги планирате во рамки на утврдените блок дотации кои дополнително ќе Ви бидат доставени, пишува во известувањето.
Финалните подготовки за влезот на Општина Охрид во втората фаза на децентрализација, кој Владата на Република Македонија го најви за 1 јануари 2012 година, беше главната причина и за стручниот колегиум, кој под раководство на градоначалникот Петрески, се одржа деновиве во Охридската локална самоуправа.
На работниот состанок на кој присуствуваа раководителите на секторите и одделенијата во локалната администрација, биле прецизирани обврските за подготвување на сета потребна документација, која треба да биде комплетирана до крајот на декември. Тоа значи дека сите општински сектори треба за најкраток можен рок да поготват правно- финансиска документација за влегувањето во втората фаза на децентрализацијата и документација за превземање на државното земјиште под општинска надлежност.