Новоформираното јавно претпријатие Нискоградба деновиве на граѓаните на Охрид им ги испорача првите сметки.

Жителите во колективните станбени згради добија сметки за одведување на отпадни и атмосферски води во висина од 189 денари.


Стигнаа првите сметки од „Нискоградба“

Јавното претпријатие за  изградба, одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти „Нискоградба“ Охрид со работа започна недомна. Одлуката за негово формирање ја донесе Советот на општина Охрид со образложение дека на тој начин ќе се зголеми ефикасноста при  изградба и одржување на инфраструктурата, за што до сега беа задолжени работни единици во состав на  МЈП „Проаква“.

OhridNews