
Заради специфичноста на зафатот и технологијата сврзана со овие градежни работи, активностите во сегашна фаза се одвиваат последователно за двете пумпни станици, информираат од локалната самоуправа. Оттаму најавуваат дека работите на доизградба на Колекторскиот систем на потегот „Метропол“ – Пештани, кои започнаа на почетокот на годинава, деновиве ќе се интензивираат.
Стигнаа пумпите за колекторот
Градоначалникот Петрески на почетокот од годината најави дека Колекторот на трасата од Елешец до Пештани ќе биде ставен во функција до почетокот на јули, со што ќе се реши проблемот со загадување на Езерото на овој дел. Исто така се предвидува на Колекторот да се приклучи и фекалната канализација која е посебен проблем за туристичката населба Пештани, каде септичките јами се сеуште единственото, но по многу нешта, неадекватно решение. Но тоа според ексепртите не ќе може да се направи пред да се провери исправноста на самиот цевковод, кој не е во функција откако е изграден пред десетина години. Во спротивно можно е да дојде до некаква хаварија и прскање на цевките, велат експертите. Ваквата проверка, според стручните лица, ќе може да се изврши по вградување на пумпите, информираат од локалната самоуправа.
Ohridnews












