Ова, како што јавува „Макфакс“, се дел од заклучоците кои беа истакнати од страна на агенциите за електронски комуникации од регионот на Меѓународната регулаторна конференција која се одржуваше во Охрид.
„Планот е бројката домаќинства кои користат интернет да се зголемува во наредниот период. Со мерките кои АЕК ќе ги носи, сакаме да ги стимулираме операторите да овозможат услугите коишто ги нудат да имаат цени достапни за секој граѓанин“, истакна Роберт Ордановски, директор на АЕК.
Тој истакна дека проектот за проширување на достапноста на интернет е доста амбициозен и постојано ќе се развива.
„Телекомуникациите во целиот регион се доста добро развиени. Новите технологии ќе овозможат широкопојасниот интернет да биде достапен за сите, на тој начин и повеќе ќе се користи и цената ќе биде прифатлива за сите“, рече Нивес Сандри, претставник за регионот на компанијата „Нокиа Сименс Нетворкс“.
Во Македонија на крајот од 2010 година 44 отсто од домаќинствата или 300 илјади користеле широкопојасен интернет.
Податоците за ЕУ кон крајот на 2010 покажуваат дека бројот на домаќинства кои имаат широкопојасен пристап на интернет во последните четири години двојно се зголеми и достигна удел од 61 процент.
извор: „Макфакс“