Управните одбори на МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид и ЈП Нискоградба Охрид, донесоа одлуки за доделување стипендии во висина од 10.000 ден месечно за студирање на студиските програми во високото образование од градежна, хидро-градежна насока и архитектура.
Објавата се однесува и за лица кои веќе студираат на овие насоки. Поблиските критериуми и услови, правата и обрврските на потенцијалните кандидати ќе бидат дополнителни објавени на web страната на МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид http://www.vodovod-ohrid.com.mk како и во просториите на јавните претпријатија секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот. – информира Проаква.
OhridNews












