Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, во неделата на
натпреварот со Њукасл, кој заврши со резултат 1:1, го одигра 600-от
натпревар во црвениот дрес.


Џерард, во моментов се наоѓа на 10-то место на вечната листа во
Ливерпул, до крајот на сезоната тој би можел да ги мине Алан Хансен (620
натпревари, 1977-1991) и Брус Гробелар (628 натпревари, 1980-1994). Прв на оваа листа е Јан Калахан, кој во периодот 1960-1978 година за
Ливерпул одиграл 857 натпревари, зад него е сеуште активниот играч на
„црвените“, Џејми Карагер, кој од 1996 до денес 710 пати играл за
Ливерпул.

Џерард во кариерата за Ливерпул има постигнато 151 гол, два пати го
освојувал ФА купот (2001, 2006), три пати триумфирал во Лига купот
(2001, 2003, 2012), а во сезоната 2004/05 ја освои Лигата на шампиони.

Капитенот на Ливерпул има една титула во Купот на УЕФА (2001), истата година ја освои титулата во Суперкупот.

“Макфакс“