Пејачот на групата „Аеросмит“ Стивен Тајлер ја раскинал веридбата со манекенката Ерин Брејди со која се забавувал шест години. Причината за раскинувањето е претстојната турнеја на која музичарот сака во целост да и се посвети. Стивен ја замолил Ерин да се исели од неговата вила во Лос Анџелес. Убавината и младоста на црнокосата манекенка не биле доволни да го задржат музичарот, на кој кариерата му е на прво место.

Стивен ја запросил Ерин минатата година на Хаваите, а ова требало да му биде трет брак. Разликата во годините не била пречка за гитаристот на Ролингстоунс Рони Вуд кој пред неколку дена ја запросил 30 години помладата Сали Хемфриз. По истиот пример се водел и Хју Хефнер, кој требал да се ожени со Кристал Харис која од него била помлада 60 години.