Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки.

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски, кој има охридски корени, патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.

OhridNews

Фото: МИА/Фејсбук Јован Стојоски