Ракометарите на Охрид со пораз ја започнаа новата авантура во Супер лигата. Не промостлива пречка за „гладијаторите“ во првата рунда беше Пролет од Скопје, кој славеше со 21-19 (8-7).

  • Комплетно не сум задоволен. Играта во одбрана заслужува добра оценка, додека нападот потфрли. Очигледен проблем беше притисокот од фаворитската улога, но и низ ова мора да се помине. Сепак, покажавме каратктер и успеавме да се вратиме резултатски иако имавме пет голови негатива во текот на второто полувреме. Поразот на стартот од сезоната ништо нема да значи ако извлечеме позитивни поуки и не ги повторуваме грешки на следните натпревари. – изјави тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.

Охридските ракометари шанса за прва победа во Супер лигата ќе имаат следниот викенд на домашен терен против Работнички, која едноставно не смеат да ја пропуштат.

OhridNews

Пораз на Охрид на стартот од Супер лигата