Комесарот на НБА  Дејвид Стерн му изрече казна на Коби Брајант за навреда на судијата Бени Адамс кога му досуди техничка лична грешка на мечот со Сан Антонио Спарс.


Навредата комесарот ја крстил хомофобична, а всушност се работи за толку често употребениот израз барем кај нас на Балканот „судија педер“. Иако Коби се извинил по натпреварот Стерн изјави дека ова не смее да се толерира.

Веднаш се јавија разни организации за заштита на хомосексуалците кои побараа јавно извинување од Коби и осуда на неговиот испад од страна на Лејкерси. Коби се јавил лично и на претседателот на организацијата за човекови права и упатил извинување. Извикувањето на Брајант е убаво снимено од камерите на ТНТ, и бекот на Лејкерси сега ќе биде полесен за 100 илјади зелени банкноти.

“извор Макфакс“
Ohridnews