Кратко ама слатко. Еден час траеше концертот на двајцата хрватски виртуози, дуото виолончелисти, Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како „2Cellos“ кои во рамки на фестивалот „Охридско лето“, синоќа, настапија на преполниот Антички театар. Полни со младешка енергија и ведар дух, Лука и Стјепан ја запалија фестивалската публика со извонредни преработки на популарни  музички хитови од Мајкл Џексон, Нирвана Ју-ту, Ред хот чили пепрс и други, за што заработија неколкуминутни стоечки овации oд фестивалската публика на која и возвратија со еден бис.


По концертот во Охрид,  „2Cellos“ ќе настапат во Сплит, а потоа и во Загреб каде на 29 август каде ќе свират заедно со  „Ред хот чили пеперс“. Нивната изведба на композицијата „ Smooth Criminal“ на Мајкл Џексон на музичкиот интернет портал „Јутјуб“ за неколку дена стана светска сензација, постигнувајќи милионска гледаност, што резултираше со потпишување договор со „Sony masterworks“ за снимање цеде и покана да бидат дел од светската турнеја на Елтон Џон. Нивната популарност оттогаш постојано е во пораст.


„2Cellos“ го разиграа Античкиот театар

OhridNews
фото:ЕМИЛИО