На гостувањето во Барселона, ракометарите на Вардар го претрпе третиот пораз во фазата по групи во Лигата на Шампиони, а втор од шпанскиот гигант, откако славеа и во Скопје. Каталонците го добија мечот со 34-28, а на полувреме имаа позитива само еден гол (16-15). „Црвено црните“ лошо го започнаа второто полувреме, а домаќините се одплепија и ја обезбедија победата.
- Голманот на Барселона заслужува посебни честитки, а и целата екипа. Барселона ги искористи нашите лоши десет минути и не казнуваше за секоја грешка. Откако се стабилизиравме, мислевме дека сме на добар, но тоа не беше така. Во ЛШ секој меч мора да се игра како финале во спротивно од поразот нема бегање. – изјави Стојанче Стоилов.
После третиот пораз во четвртиот натпревар Вардар падна на 4-та позиција на табелата и има една победа повеќе од Веспрем, кој полека се буди од резултатската криза. Во следната рунда „црвено црните“ силите ќе ги одмерат со Брест Мешков на гостински терен.
OhridNews