Македонската репрезентција на средината од вториот дел успеа да се доближи на два гола разлика, а имаше и напад. Младиот крилен ракометар Дејан Манасков промаши зицер, по што колата на Македонија тргна надолу.

– Манасков најмногу посакуваше да постигне гол, но ете промаши. Не е спортски да се обвинува еден ракометар за елиминацијата од мундијалот. Не сакам да барам алиби за поразот од Германија, но патувањето од Севиља до Барселона си го направи своето. Без тренинг и тактика неможе да се игра против Германија. Кога најмногу требаше ние немавме сила да играме, да се бориме, едноставно не издадоа нозете – потенцираше Стојанче Стоилов.

Пивотменот во македонската селекција Стоилов заедно со капитенот Кирил Лазаров беа најдобрите поединци во “црвено жолтиот“ состав на мундијалот во Шпанија.

Мх.П.