Најпријатното изненадување во Лигата на Шампиони оваа сезона, Монпеље ќе биде ривалот на „вардарци“ во полуфиналето на завршниот турнир кој ќе се одигра во Келн на 26 и 27 мај. Французите пласман на Ф4 во ЛШ обезбедија од втората дивизија, односно каде што се натпреваруваат екипите со послаб рејтинг.
– Минатата сезона бевме утсајдери, но сега го браниме трофејот и ситуацијата е малку поинаква. Имаме привилегија и мораме да го браниме трофејот. Искрено пред ждрепката немав посебна желба, сите кои се тука имаат 25 отсто шанси да триумфираат на крајот. Реално сите тимови имаат шанса за трофејот. – изјави капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес не сакаше да даде прогнози, бидејќи како што вели тој има уште време до мечот во 1/2 финалето во ЛШ.
– Сега треба добро да се анализира Монпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но само како обичен гледач. Следува анализа на тоа што го играат. Имаат различна екипа од порано, играат со многу самодоверба и бидејќи ова е голем успех за нив сигурно ќе бидат мотивирани. Ние се спремаме како и за секој противник. Има време за се, несакам ништо да прогнозирам ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа. – потенцираше Шпанецот.
Монпеље има една европска титула, но таа е освоена 2003 година кога најквалитетното натпреварување во Европа се играш во сосема друг формат.
OhridNews