Ракометниот клуб Вардар со златни букви го испиша своето име во европскиот ракомет освојувајќи го трофејот во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ во финалето со 24-23 го совладаа ПСЖ и влегоа во друштвото на бесмртните.

– Горд што сум капитен на оваа екипа, која има ма**ња до колена. Сите покажавме карактер и желба за борба да последен здив. Знаевме дека ќе биде вака, бидејќи по ништо не се разликуваат Барселона и Пари Сент Жермен. Одбраната и голманот пресудија, особено во моментите кога многу се мачевме во напад. Се надевам и сигурен сум дека донесовме радост во Скопје и во Македонија. – изјави капитенот Стојанче Стоилов.

Со трофејот од ЛШ, ракометарите на Вардар ја комплетираа историската сезона во која освоија четири титули.

OhridNews