Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов после триумфот над Металург во полуфиналето од СЕХА лигата неможеше да ги сокрие емоците и истакна големата желба за победа и силната одбрана биле клучот на пласманот во финалето.


– Во меч исполнат со малку голови ние се покажавме поснаодливи, а и повеќе ја посакувавме победата. Одбраната го доби овој натпревар, секоја чест за неа бидејќи нападот понекогаш грешеше, а одбраната констатно беше на високо ниво –
потенцираше Стоилов.

Тој не очекува поинаков натпревар и во финалето од СЕХА лигата против Вардар. Во регуларната сезона тие во меѓусебните дуели се 1-1, но лани Вардар на патот до титула го елиминираше токму Загреб.

– Со Загреб го финалето не очекува ист натпревар како што беше овој против Металург. Двете екипи негуваме машки ракомет со цврста одбрана и се надевам дека во финалето ќе ги израдуваме нашите навивачи – заврши Стоилов.

Мх.П.