Најавата за повлекување на Сергеј Самсоненко од претседателската функција во Ракометниот клуб Вардар се` уште е топ тема во спортските и ракометните кулоари. „Црвено црните“ ги очекува битка со Пик Сегед за пласман на Ф4, но неизвесноста околу клубот и тоа како може да влијае на исходот.
Свое видување за новонастаната ситуација даде капитенот Столе Стоилов, кој ќе остана во аналите на клубот како човек кој ја крена титулата шампион на Европа.
- Самсоненко не е дојде лично да ни пренесе и вистина не знаме како ќе биде и како ќе изгледа Вардар следната сезона. Одлуката ја примив тешко, бидејќи јас сум навивач на Вардар, а Скопје е мојот град. Низ сезонава покажавме дека сме посилни од повредите и проблемите и мислам дека така ќе биде и на мечот со Пик Сегед. Можеби оваа ситуација ќе влијае мотивирачки на нас и ќе „изгиниме“ на терен да стигнеме до победа. – изјави Стоилов.
Првиот меч од четвртфиналната пресметка се игра во четврток во Скопје во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот.
OhridNews