Македонскиот репрезентативец и капитенот на Ракометниот клуб Вардар, Стојанче Стоилов се најде помеѓу десетте најдобри спортисти на Балканот.

Пивотменот на „црвено црните“ заедно со останатите ракометари ја освоија титулата во Лигата на Шампиони и трофеите во регионалната СЕХА лига, македонската Супер лига и Купот на Македонија.

Во одбирањето на спортистите гласаа новинари од балкансите простори, а најмногу гласови собра бугарскиот тенисер Григор Димитров. На второто место се пласираше тенисерката Симона Халеп од Романија, водечката тројка ја комплетира Рамил Гулаев од Турција, додека Стоилов заврши на десеттата позиција.

Топ 10:

Григор Димитров (Бугарија)

Симона Халеп (Романија)

Рамил Гулаев (Турција)

Катерина Стефанди (Грција)

Сандра Перковиќ (Хрватска)

Лука Модриќ (Хрватска)

Елефтерос Петрунаис (Грција)

Богдан Богдановиќ (Србија)

Тијана Бошковиќ (Србија)

Стојанче Стоилов (Македонија)

OhridNews