– Среќен сум поради триумфот во Охрид. На овој маратон победувале македонски пливачи кои потоа имале одлични кариери. Драго ми е што и јас сум сега еден од нив – истакна Стојановски.
Најбрза во женска конкуренција беше Русинката Александра Умурзакова од Олимпик Новоросиск, кој настапи во трката под 16 години. Таа делницата ја преплива за 30.47,36 минути.
– Ми се допадна. Убаво искуство во Охрид, водата не беше ладна и беше пријатно да се плива. Доколку сум во можност ќе дојдам и в година да го одбранам трофејот – рече Умурзакова.
По подолго време на малиот маратон настапија и охриѓани. Нив ги предводеше Димчески Александар од Стрмец.
На овогодиншениот Илинденски куп настапија 44 натпреварувачи во двете категории.