Актерот Горан Стојаноски од охридскиот Градски театар е задоволен од посетеноста на претставите кои се изиграа во текот на изминатите месеци, кога речиси за секоја од нив малата сала во Центарот за култура беше исполнета.

– Со тоа се покажа дека театарот во Охрид функционира, за разлика од институциите низ земјава кои имаат буџет, а сепак кубурат со репертоар. За тоа секако допринесува големиот ентузијазам на оваа екипа, стручноста и образованието кои, освен подршката од надлежните, се едни од основните услови потребни за создавање театар, вели Стојаноски. – Досегашниот репертоар беше еден тест за вкусот на публиката. Наскоро подготвуваме комедија за која верувам ќе привлече уште поголем број публика. Сепак сметам дека театарот не треба да биде само забава за луѓето, туку и средство кое ќе влијае за врз развојот на личноста и духовната наобразба, а при тоа да се избегне кичот кој насекаде не опкружува, потенцира актерот Стојаноски.

Вечерва на репертоарот на Градскиот театар е претпремиерата на претставата “Европа”, во режија на Софија Ристеска.

OhridNews