Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиски калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, рече на денешната прес конференција Јован Стојаноски од ОО на СДСМ.

– Жителите на Подмоље веќе неколку години наназад, секое лето, се соочуваат со недостиг на вода, но и покрај тоа, тие покажале огромна хуманост со тоа што дозволиле и неколку околни места да се снабдуваат со вода за пиење од оваа иста бушотина која со сопствени средства ја направиле. За жал денес тие дочекаа градоначалникот, поради внатрепартиски интереси, веќе шести ден целосно да им го запри пристапот до вода, рече Стојаноски.

Стојаноски повика на одговорност од градоначалниците на Дебрца и Охрид, како што рече, бидејќи е крајно неодговорно две соседни општини, чии градоначалници се од истата политичка опција, да не можат да најдат заедничко решение на еден сериозен проблем.

– Доколку се продолжи со игнорирање на овој сериозен проблем, Подмоље и регионот ризикуваат да се соочат со хуманитарна и еколошка катастрофа, бидејќи немање вода при вакви високи температури го загрозува човековото здравје и животната средина, потенцира Стојаноски.

OhridNews