Охриѓанката Тања Стојановски од Тенискиот клуб Охрид во текот на месецов имаше учества на два турнири во Скопје и Тирана, Албанија организирани од ИТФ Јуниор за тенисери до 18 години од целиот свет.

16-годишната Стојановска на двата турнира стигна до четвртфиналето. Во “дабл“ Стојановска со партнерката од Србија, Јована Кениќ играа во четврт финалето во Скопје додека во Тирана претрпеа пораз во финалето од хрватскиот дабл, Барбара Бачиќ и Марија Чурниќ.

Ohridnews