Со одлука на Министерството за култура од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид разрешен е Горан Стојановски. На негово место за вршител на должноста директор е назначен актерот Стрезо Стаматовски.

Министерството за култура соопшти дека причина за смената биле констатирани неправилности во работата на установата од страна на инспекциските служби.

Претходно министерството ги разрши директорите на националните установи фестивал Охридско лето и Завод и МуЗеј – Охрид.

OhridNews