Ракометниот клуб Вардар од следната сезона ќе има потполно нов изглед, откако заминување најави и столбот на одбраната Илија Абутовиќ. Претходно, преселба во други клубови договорија Лука Циндриќ (Киелце), Арпад Штербик (Веспрем) и тренерот Раул Гонзалес Гутиерез (ПСЖ).

Српскиот интернационалец веќе ставил потпис на пред договорот со германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен. Целосниот трансфер ќе се комплетира и официјализира по исплаќањето на оштетата на сметката од „црвено црните“.

Абутовиќ заедно со капитенот Стојанче Стоилов се ракометари со најголем стаж во моменталниот состав на Вардар кој минатата сезона го достигна врвот освојувајќи ја титула во Лигата на Шампиони.

Корпулетниот српски ракометар ќе биде соиграч со македонскиот репрезентативец и поранешен член на Металург, Филип Талески, кој со полна паера ги брани боите на „лавовите“.

OhridNews