Уште 60 минути остануваат за Вардар на патот до остварување на најголемиот клупски успех, пласманот на Ф4 турнирот во Лигата на Шампионите. „Црвено црните“ в четврток во „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот против Фленсбург во реванш натпреварот имаат задача да ја зачуваат или одбранат предноста (26-24) од првиот натпревар во Германија.
– Од првиот натпревар имаме плус два голов, но тоа не треба премногу да не опушти. Таква игра е ракометот што може сѐ да се смени во брзо време. Имаме одличен резултат, а екипата е подготвена. Се надевам дека нема да разочараме. Долго време го чекаме пласманот на завршниот турнир во ЛШ и мислам дека шансата пред нашите верна публика не смее да се пропушти. – рече капитенот на „црвено црните. – рече капитенот на Вардар, Столе Стоилов.
Пред три сезони токму Фленсбург беше непреминлива пречка за „црвено црните“ за пласман на Ф4 турнирот во ЛШ. Тогаш, германците благодарание на голот повеќе во гости обезбедија пласман, а подоцна ја освоија и титулата во најеминетното натпреварување.
– Ова е второто полувреме од четврт-финалето на ЛШ. Имаме два гола разлика, но треба да ја заборавиме оваа ситуација. На првиот натпревар сѐ беше добро за нас. Но, Фленсубрг е добра екипа и за нас беше многу тешко второто полувреме. Ние сега имаме притисок, но со помош на публиката се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Сакаме да се пласираме на Ф4, но можеби Фленсбург нема да игра како што одигра дома. Пред три години Фленсбург одигра одлично во Скопје. Мора да се фокусираме на натпреварот како да имаме 0-0, мислам дека Фленсбург тука ќе постигне повеќе од 24 гола, мора да се надигруваме, а кој ќе победи ќе победи. Арпад Штербик имаше 40 отсто успешни одбрани таму, но мислам дека во Скопје ќе се постигнат повеќе голови. Ние сакаме да ја забрзаме играта. Тие играат агресивно и брзо, тоа е така секогаш. Нашите ракометари се подготвени, но можеби нашиот голман нема да биде на исто ниво, па работите на терен ќе бидат различни. Јас имам доверба во мојот тим, цела сезона тренираа и сега е моментот кој треба да го искористиме. – потенцираше шпанскиот тренер, Раул Гонзалес Гутиерез.
OhridNews