Македонската фудбалска репрезентација ден пред одигрувањето на третиот меч во Лигата на Нации се соочи со проблеми, откако четири фудбалери се пожалиле на болки во стомакот.
Бобан Николов, Стефан Спировски, Ферхан Хасани и Мите Цикарски ќе бидат под специјален лекарски надзор и во трка со време целосно да се опорават за утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Скопје.
„Црвено жолтите“ после две одиграни средби во Лигата на Нации се лидери во групата со максимални шест бодови, а со позитивни резултати во дуелите со Лихтештајн и Ерменија може да ја заверат првата позиција.
Мечот со Лихтенштајн се игра в сабота со почеток во 20 часот и 45 минут, а со Ерменија на 16 октомври во 18 часот.
OhridNews