Искуство, професионализам и општествена одговорност, преточени во бројни заеднички проекти, се заштитен знак на соработката на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“, кои веќе девет години заеднички се грижат за здравјето на граѓаните во Охридско-струшкиот регион.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ постои од 2003. На 28 јануари 2012 година, пак, започна да се гради заедничката успешна приказна со „Виа Фарм“ аптеки.
Модернaта опрема и медицинска апаратура од најновата генерација, го издвојуваат стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од конкуренцијата. Тој е првиот сертифициран и лиценциран центар за импланти кој може да се пофали и со соработката со Дитрон Интернационал. За таа цел овој центар има специјална современа орално хируршка и имплантолошка сала која ги задоволува светските стандарди за ергономичност, функционалност и стерилност и соодветен кадар кој е обучен за работа со Дитрон импланти. Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ предничи во развојот на денталниот туризам, не само во регионот, туку и во земјата воопшто.

Менаџерските тимови на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и „Виа Фарм“ аптеки, кои успешно соработуваат веќе девет години, најавуваат нови заеднички проекти и во иднина, во функција на подобро здравје на клиентите и воопшто на граѓаните од регионот.
OhridNews













