Стоматолозите од општините Охрид, Вевчани и Дебарца кои се приватизираа по сила на Закон најавија дека ќе стапат во штрајк доколку се променат условите на концесионирање на матичните стоматолози.
На состанокот што се одржа вчера во Охрид стоматолозите од охридскиот регионот, изразија загриженост за најавените измени во Законот за здравствена заштита кои според нив се непрафатливи како за стоматолозите така и за пациентите.
Матичните стоматолози против измените во законот за здравствено осигурување

Тоа според д-р Здравко Чорбе, член на иницијативниот одбор на матичните стоматолози од Охрид, ќе биде на товар на граѓаните бидејќи, како што рече, „Македонија е социјална држава во која има голем број невработени и стечајци кои соколку се направат најавените промени во законот не ќе можат бесплатно да ги добиваат и оние минимални услуги кои сега ги покрива Фондот за здравствено осигурување“.
Доколку најавените измени во законот за здравствена заштита се реализираат цената на стом,атолошките услуги ќе се зголеми за 300-400%, предупредуваат стоматолозите.

Само во 10 % држави во светот кои што се навистина економски развиени стоматологијата е целосно приватизирана, меѓутоа секаде во светот постои пакет на кој што имаат пациентите право на услуги преку Фондот за здравствено осигурување, вели д-р Вељо Раткушиноски, претседател на стоматолошката комора во Охрид.

Доколку не се прифатат изнесените забелешки, матичните стоматолози, кои во целата држава ги има околу 500, најавуваат дека ќе излезат на јавни протести заедно со своите пациенти.
Горан Момироски












